Челси со победа од 2-0 изборена на првиот полуфинален меч, отиде на гостувањето кај Тотнем. Момците не само што ја задржаа предноста, туку уште еднаш го победија противникот.
Единствениот регуларен гол на натпреварот беше постигнат во 18. минута кога по асистенција од Маунт, Ридигер погоди за победа на Челси од 1-0.
Во 64. минута и Тотнем даде гол преку Кејн, но погодокот беше поништен со ВАР поради офсајд.
Десетина минути претходно беше досуден пенал за Тотнем, но по интервенција од ВАР одлуката беше променета.
Во финалето Челси го чека подобриот од дуелот меѓу Ливерпул и Арсенал.






