Третолигашот приреди шок на Стемфорд Бриџ уште во осмата минута од мечот кога преку Гилеспи дојде до водство од 1-0.
Челси веднаш тргна офанзивно кон израмнување, се редеа шанси, конечно Аспиликуета во 41. минута го изедначи резултатот на 1-1.
Сините се обидуваа да дојдат до комплетен пресврт но не одеше, во 90. минути немаше победник, заврши 1-1 па се премина во продолженија.
Конечно во 105. минута Алонсо постигна гол за пресврт и водство на Челси од 2-1.
Но, тоа не беше се, во 117. минута Харди не реализираше пенал за Плимоут и пропушти да го однесе натпреварот во пенал серија.






