вторник, 23 декември 2025

Челси не може да купи гориво за тимскиот автобус, суспендирани им се кредитните картички

Објавено на

часот

Сподели

Голем број на извори од „островото“ пишуваат дека банките ги суспендирале сметките на Челси по синоќешната одлука да му се замрзне имотот на Роман Абрамович.

Клубот доби посебна дозвола да продолжи да функционира но со многу ограничувања. По синоќешната победа над Норич, Томас Тухел порача дека тие ќе се борат се додека имаат дресови и гориво во тимскиот автобус, но сега и ова е проблем.

Доцна вечерва голем број извори пренесуваат дека банките ги суспендирале сметките на Челси, суспендирани се и корпоративните кредитни картички, па како што пишува Атлетик, „сините“ нема да можат да наточат гориво во тимскиот автобус.

Се верува дека суспензијата е привремена, за банките да ја анализираат посебната дозвола која Челси ја доби за работа и да утврдат што може да се прави, а што не може да се прави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ