четврток, 25 декември 2025

Челси не купи никого во јануари но летоска планира да потроши преку 300 милиони

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ беа прилично тивки изминатиов месец, но тоа било само стратегија и подготовка за летниот преоден рок.

Според пишувањата на Атлетик, Томас Тухел и раководството на Челси се договориле да не прават големи инвестиции во јануари, и сите средства да се насочат кон летниот преоден рок.

На радарот се три имиња, Жил Кунде од Севиља, Деклан Рајс од Вест Хем и Орелиан Чуамени од Монако. Се работи за тројца перспективни фудбалери кои чинат многу и клубот од Стемфорд Бриџ може да потроши преку 300 милиони евра за нивен ангажман.

Челси исто така е во контакт со Осман Дембеле и опипува терен за соработка, Французинот би пристигнал беспари со оглед на тоа дека му завршува договорот со Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ