Иднината на Челси е неизвесна откако владата на Велика Британија го органичи работењето на клубот, а ги напушти и главниот спонзор.
Но момците на Челси денеска излегоа на терен и ги освоија трите бода од гостувањето кај Норич.
Резултатот беше отворен во третата минута кога Чалоба погоди за водство од 1-0, веќе во 14 . минута сините имаа два гола позитива откако Маунт даде гол.
Во 69. минута Пуки изедначи, Норич се врати во игра но во 90. минута сите дилеми околу победникот ги реши Хаверц кој даде гол за конечни 1-3.
Лидс губи и со новиот тренер, овојпат беа поразени од Астон Вила на свој терен со 3-0. Кутињо, Кеш и Чемберс беа стрелци на головите.
Њукасл со пресврт победи со 2-1 на гостувањето кај Саутемптон. Домаќините поведоа со гол на Амстронг, Вуд и Гимараеш дадоа голови за важна победа на гостите.
Вулвс со 4-0 го победи Ватфорд. Хименез, Поденс, Навас и автогол на Кучо беа погодоците на овој меч.






