вторник, 23 декември 2025

Челси го чекаат тешки денови, Велика Британија му го замрзна имотот на Роман Абрамович

Објавено на

часот

Сподели

Роман Абрамович се најде на удар на британската јавност по воената интервенција на Русија во Украина, но бизнисменот во прв момент куртули од санкции.

Владата на Велика Британија утрово соопшти дека се санкцинирани нови седум руски олигарси блиски до Владимир Путин како одговор на воената интервенција на Русија во Украина, а на списокот се најде и Роман Абрамович, неговиот имот ќе биде замрзнат и ова ќе му направи проблеми на Челси.

„Сините“ ќе добијат специјална дозвола да продолжат да работат како фудбалски клуб, но со многу ограничувања. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ нема да може да продава билети и на натпреварите ќе присуствуваат само оние кои имаат сезонски билети.

Челси исто така нема да може да продава продукти, нема да може да купува нови играчи, ниту пак да ги обновува договорите на фудбалерите.

Роман Абрамович минатата недела соопшти дека го продава Челси и профитот од зделката ќе го донира на жртвите од војната во Украина, но сега и овој процес ќе биде стопиран. Се говори дека властите можат да дадат специјална дозвола за продажба, но ниту една фунта не смее да заврши кај рускиот милијардер (директно или индиректно).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ