Се појавија информации дека Андреа Ањели денеска ќе го претстави новиот проект за Суперлига.
Чеферин вели дека е уморен веќе тие нефудбалски проекти.
„Морам да кажам дека тие што зборуваат за Суперлига, не зборуваат за фудбал. Уморен сум веќе од овој нефудбалски проект“, вели Чеферин.
„Првата идеја тие ја лансираа сред пандемија. Сега читаме дека планираат да ја лансираат новата идеја среде војна. Дали треба да кажеме нешто повеќе за овие луѓе? Тие очигледно живеат во паралелен свет“.
„Ние помагаме во ужасни ситуации, а тие работат на таков проект. Тие можат да платат што сакаат да биде напишано „ова е прекрасен проект, полн со солидарност, донации за малите клубови“. Но сите знаат дека тоа се глупости“.
„Еден од нив по пропаѓањето на првиот проект ми се јавуваше и ми се извинуваше, а сега повторно го прават тоа“.
„Тие ја критикуваат УЕФА и Европската клупска асоцијација (ЕКА), а еден од нив беше претседател на ЕКА (Ањели)“.
„Тие можат да си играат во нивното натпреварување, никој не им забранува. Но ако играат во нивното натпреварување, не можат да играат и во нашето“.






