четврток, 25 декември 2025

Чави: Лут сум што не сме во Лигата на шампионите

Објавено на

часот

Сподели

Барселона утре го пречекува Наполи во нокаут фазата од Лига Европа. Ова е натпреварување во кое каталонскиот тим не е навикнат да игра, но реалноста во овој момент е таква.
 
„Лут сум што не сме во Лигата на шампионите и лут сум што нема да ја слушнам химната, но ова е можност да се преиспитаме себеси и да се вратиме во Лигата на шампионите, а тоа можеме да го направиме на два начини: Со освојување на Лига Европа или пласман во топ четири во лигата“, вели Чави.
 
„Немавме среќа во ждрепката, добивме ривал кој има квалитет да биде во Лигата на шампионите, еден од најтешките во натпреварувањето. Тоа ќе биде отворен меч и многу неизвесен“.
 
„Тие се компактен тим. Тим кој доминира со топката. Но исто така и добро се брани со низок блок. Зиелински е изненадување, исто како и Елмас. Тука се Ангуиза, Руис, Осминен, Инсиње…“.
 
„Ако ги анализирате ќе видите многу потенцијал. Тие се голем тим кој неслучајно се бори за Скудетото“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ