Џиџи Буфон, кој и на 44 години не размислува за пензија и брани на голот на Парма, разговараше со Ла Стампа и говореше на многу теми, помеѓу кои и болниот пораз од Македонија во Палермо во баражот за мундијалот.
„Манчини беше главниот архитект за успехот на Европското првенство, но по ваков удар, мора да превземе одговорност…“, вели Џиџи Буфон.
„Едно е да изгубите на пенали од Португалија, на никого нема да може да му се замери. Но сосема друго е да изгубите од Македонија“.
„Многу е потешко да се стартува одново по ваков шок, поразот може да ве прогонува“.






