четврток, 25 декември 2025

Брозовиќ ги одби милионите од Барселона, Хрватот продолжува со Интер

Објавено на

часот

Сподели

Марсело Брозовиќ ги одработува последните месеци од договорот со Интер, се веруваше дека двете страни начелно имаат договорено нова соработка, но Барселона замеша прсти во последен момент и со поголема плата се обиде да го примами Хрватот да се пресели на Камп Ноу.

Сепак, „каталонците„ не успеале во намерата, како што пренесуваат Газета дело Спорт и Тутоспорт, Марсело Брозовиќ донел одлука и го известил Интер дека ќе продолжи на „Џузепе Меаца“.

Весниците додаваат дека фудбалерот од средниот ред, покај Барселона, го одбил и предлогот одново да игра под водствот на Антонио Конте во Тотнем.

Марсело Брозовиќ со Интер ќе стави потпис на договор до 2026 година и ќе има годишна плата од 6 милиони евра, плус еден додатен милион евра во бонуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ