сабота, 20 декември 2025

Борусија Дортмунд од пет фудбалери направи профит од 321 милион евра

Објавено на

часот

Сподели

Ерлинг Халанд си замина за откупна клаузула од само 60 милиони евра, неговата реална цена на овој пазар е значително поголема, но Борусија Дортмунд не треба многу да жали за тоа.
 
Некои медиуми направија анализа колку заработи Борусија Дортмунд во изминатиот период продавајќи неколку од своите големи ѕвезди.
 
Усман Дембеле го продадоа на Барселона за дури 105 милиони евра, а го купија за 15/
 
Фасцинантно е што Пулишиќ го купија за 250.000 евра, а му го продадоа на Челси за 64 милиони евра.
 
Санчо беше купен за 8 милиони евра, а продаден за дури 85 милиони евра на Манчестер јунајтед.
 
Обамејанг го купија за 13 милиони евра, а го продадоа за 63 милиони евра на Арсенал.
 
За Халанд кој сега заминува во Манчестер Сити, платија 20 милиони евра.
 
За овие пет играчи вкупната сума која ја платија изнесува 56 милиони евра. Секој од нив поединечно го продадоа за повисока сума од таа. 
 
Вкупната сума за која ги продадоа овие пет играчи изнесува 377 милиони евра. Тоа значи дека профитот е 321 милион евра.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ