Вообичаено Баерн Минхен е тој кој ги зима најдобрите играчи на Борусија Дортмунд, па тие евентуално се враќаат во поодминати години.
Но, овојпат ситуацијата е поразлична, Зиле одби нов договор со Баерн Минхен и прифати преселба во Борусија Дортмунд.
„Со задоволство можеме да информираме дека потпишавме со германскиот репрезентативец Никлас Зиле, го обезбедивме за наредните четири сезони“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц во официјалното соопштение на клубот.
Зиле ќе ја доигра сезоната во Баерн Минхен, а потоа ќе се пресели во Борусија Дортмунд.






