За СП 2018, во баражот се играа два натпревари, еден дома и еден во гости, но за СП 2022 има измени, шанса им се дава и на победници од групите во Лигата на нации и се игра полуфинале и финале.
Новиот форма не му се допаѓа на Леонардо Бонучи, кој реши малку да „поплаче“ по поразот од Македонија.
„Мислам дека е апсурдно да се игра еден натпревар. Одлуката е лудост. Во групната фаза се игра дома-гости, во многу купови се дома-гости, а за да се оди на Светско првенство играте еден натпревар на кој се може да се случи, како што видовме“ – вели дефанзивецот.
„Има репрезентации од други континенти кои обезбедија билет за Светското првенство со 4-5 порази. Ние останавме без мундијал поради гол примен во 92. минута и тој еден единствен пораз“.
„Навистина, ова е лудост“.






