Килијан Мбапе од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, како што пренесува Билд, „кралевите“ веќе постигнале договор со напаѓачот за тој летоска беспари да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Весникот пренесува дека Килијан Мбапе во Мадрид ќе има плата од околу 50 милиони евра, и ќе биде најплатениот фудбалер во светот.
За официјално соопштение ќе се почека со оглед на тоа дека Реал Мадрид и ПСЖ имаат дуел во осминафиналето од Лигата на шампиони.






