Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити се посочуваат како главни фаворити за потписот на Ерлинг Халанд.
Според пишувањата на Спорт, „граѓаните“ го известиле Норвежанецот дека без разлика колку пари му даваат другите, тие можат повеќе.
Весникот додава дека Барселона не може да се натпреварува со финансиската моќ на Манчестер Сити, па затоа „каталонците“ се обидуваат да го примамат напаѓачот со спортски проект во тој ќе биде главна ѕвезда и столбот околу кој ќе се гради идната шампионска генерација.
Неодамна Чави имаше средба со Ерлинг Халанд за да му потврди дека ќе биде лидер на екипата и да му го објасни планот со кој ќе го направи најдобар во светот за неколку години.






