Лестер беше многу поактивен тим на првиот дуел, Рома им ја препушти иницијативата на домаќините, а се закануваше од контра напади.
При една таква брза акција на Залевски, Пелегрини постигна гол во 15. минута од натпреварот за водство на Рома од 1-0.
По примениот гол Лестер ја зголеми иницијативата, но Рома одлично се бранеше се до 67. минута кога Манчини си постигна автогол за израмнување на 1-1.
До крајот на мечот и двете екипи имаа шанси за гол, но резултатот остана непроменет. Патникот во полуфиналето ќе се решава на Олимпико во Рим.
Феенрод со предност од еден гол ќе патува во Марсеј, нивниот меч заврши со победа од 3-2 за холандскиот тим.
Тие имаа страшен влез во натпреварот, со голови на Десерс и Синистера поведоа со 2-0, но Марсеј успеа да израмни до крајот на првото полувреме со погодоци на Деинг и Герсон.
На самиот почеток од второто полувреме Десерс даде уште еден гол за победа на Феенорд од 3-2.






