среда, 24 декември 2025

„Бев на работ на смртта а Абрамович ми рече, можеш да потпишеш на 10 или 20 години!“

Објавено на

часот

Сподели

Роман Абрамович се најде на удар на британската јавност по воената интервенција на Русија во Украина. Пристигнаа барања за санкции кон рускиот милијардер и замрзнување на имотот, но властите се уште не се решаваат на еден ваков потег.

Во меѓувреме, Роман Абрамович соопшти дека го продава Челси и профитот од зделката ќе го донира за жртвите од војната во Украина.

Поранешниот скаут на Челси, Пит де Висер во разговор со АД вели дека луѓето имаат погрешна слика за Роман Абрамович и го раскажа своето искуство.

„Заминувањето на Роман е голем удар, тој е многу важна личност за клубот. Луѓето имаат погрешка слика за него. Не е работи за пари, тој има многу пари. Тој всушност е топла и пријатна личност. Знам дка ќе биде вознемирен затоа што зборувам за него во медиумите, но со задоволство ќе го прифатам неговиот гнев. Морам да ви кажам кој е вистинскиот Роман“ – вели Де Висер.

„Бидејќи Роман никогаш не разговара со медиумите, многумина сметаат дека е ладна личност и тоа ме боли многу, знам дека не е така. Тој всушност има големо срце и тоа што профитот од продажбата на Челси ќе биде донирам на жртвите од војната во Русија е јасен знак“.

Де Висер потоа се насочи на личното искуство: „Имав операција на отворено срце, потоа и рак. Му се јавив на Роман и му кажав дека за жал морам да се пензионирам. Никогаш нема да заборавам кога тој ми кажа, „Пит можеш да потпишеш договор на 10 или 20 години“. Бев на работ на смртта, а тој ми вели дека можам да го продолжам договорот. Тоа ми даде сила да продолжам да се борам. Да не ги споменувам месеците кои ги поминав на неговата јахта или во неговите хотели како дел од процесот на рехабилитација. Се осмелувам да кажам дека Роман ми го спаси животот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ