недела, 21 декември 2025

Бетис на пенали ја победи Валенсија и по третпат во својата историја го освои Купот на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

А почна ефикасно, во 11. минута Игнезиас со глава постигна гол за водство на Бетис од 1-0, во 30. минута Дуро изедначи на 1-1. 
 
Се чинеше дека ќе има уште голови, но тука запреа стрелците. Немаше нов гол до 90. минути, а немаше ниту во продолжението па пеналите решаваа.
 
Во пенал серијата Бетис ги даде сите пет пенали, а за Валенсија промаши само Мусах.
 
За Бетис ова беше трет освоен пехар во Купот на Шпанија во нивната историја.
 
Посебно емотивен момент беше за нивната легенда Хоакин, кој го освои купот со Бетис во 2005 година кога имаше 23 години, и сега на 40 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ