Бензема имаше неколкуминутно шоу во второто полувреме со кое му донесе неверојатна победа на Реал Мадрид против ѕвездениот тим на ПСЖ.
„Потребни ни беа фановите, оваа победа е за нив. ПСЖ е голем тим, но ние ја заслуживме оваа победа“, вели Бензема.
„Загубивме во првиот натпревар, губевме по првото полувреме… беше многу тешко. Но ова е меч од Лигата на шампионите. Почнавме добро, имавме шанси, а во една своја ПСЖ постигна гол. Пресвртот е дел од менталната сила“.
„Тоа не е грешка на Донарума, тоа е притисок. Кога играме пресинг, можеме да победиме секој. Секој натпревар е финале за нас и денеска видовме дека Реал Мадрид е жив“.






