Карим Бензема игра во страшна форма, напаѓачот вечерва два пати ја тресеше мрежата на Риго и го изедначи своето постигнување од најдобрата сезона во дресот на Реал Мадрид кога во 2011/12 постигна 32 гола.
Против Мајорка, Винисиус го отвори резултатот во 55. минута за потоа на сцена да стапи Французинот.
Во 77. минута, Карим Бензема најпрво погоди од пенал за 0-2 за во 82. минута да реализира на асистенција на Марсело за 0-3 и да го однесе Реал Мадрид на +10 на врвот на табелата.






