сабота, 20 декември 2025

Бензема бил ограбен од функционер на албанската влада

Објавено на

часот

Сподели

41-годишниот Продани е функционер од албанската власт, тој бил директор на Јавното претпријатие Водовод во областа Курбин во Албанија.
 
Шпанската влада распошала меѓународна потерница по Продани кој се терети за учество во грабеж на десетина куќи во Шпанија меѓу кои и таа на Карим Бензема.
 
Грабежот во куќата на Бензема се случил во 2019 година додека Реал Мадрид играл Ел Класико дуел против Барселона.
 
Продани треба да биде екстрадиран во Шпанија каде ќе му се суди за грабежите во кои учествувал.
 
Тој добил функција поради врските со албанската социјалистичка влада, а случајот со Бензема го користи опозицијата во оваа земја за да добие поени во јавноста.
 
„По кражбата од Бензема доби награда директорска функција од Владата. Ако успее да го ограби Меси, сигурно ќе го стават за министер“, иронично искоментира Крешник Спахиу, лиде на опозицискиот црвено-црн сојуз.
 
Продани се сомничи и дека од 2013 до сега ограбил вкупно 40 домови ширум Европа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ