И на овој меч Усман Дембеле имаше одличен настап, направи две убави асистенции.
Резултатот го отвори Торес од пенал во 14. минута. Истиот играч по една одлична асистенција од Дембеле во 21. минута зголеми на 2-0.
Само шест минути подоцна Дембеле повторно додаде за гол, овојпат до Обамејанг кој зголеми на 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Пуџ во 75. минута, по само две минути откако влезе во игра.






