четврток, 25 декември 2025

Барселона потпиша со Обамејанг, но не успеа да го продаде Дембеле

Објавено на

часот

Сподели

Преодниот рок заврши, во последниот ден беше бурно во канцелариите на Барселона која успеа да го ангажира Обамејанг, но не и да го продаде Дембеле.

Обамејанг синоќа го потпиша договорот, а бидејќи тој од Арсенал доаѓа како слободен играч откако ја раскина соработката со топчиите, Барселона немаше потреба да се трка со времето за да го регистрира трансферот пред полноќ.

Се очекува во текот на денешниот ден ангажманот на Обамејанг и официјално да биде соопштен од Барселона.

Паралелно клубот се обидуваше да го продаде Дембеле кој на лето може да си замине како слободен играч.

Дембеле се поврзуваше со Тотнем, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Арсенал, Челси… но на крајот не се најде купувач за него. Голема е веројатноста тој да не ги прифати новите понуди од Барселона за продолжување на договорот и во јуни да си замине.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ