понеделник, 22 декември 2025

Барселона откри колку пари заработила од продажбата на билети за мечот против Ајнтрахт Франкфурт

Објавено на

часот

Сподели

Елиминацијата на Барселона во Лига Европа не е единствената тема во Каталонија, многу незадоволство и прашалници има откако на трибините на Камп Ноу синоќа имаше околу 30.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт и покрај тоа што на гостите им беа доделни само 5.000 билети.

Претседателот Жоан Лапорта најави истрага и промена на методот на продажба а истото сега го стори и потпретседателката Елена Форт.

„Од продажбата на билети за мечот против Ајнтрахт собравме нешто над 3 милиони евра, но немаме причина за задоволство по она што се случи соноќа. Сакам да им се извинам на сите членови кои синоќа беа на стадионот, жал ми е за тоа што се случуваше, тоа е срамно и неприфатливо“ – вели Елена Форт.

Таа исто така објасни дека Барселона директно не продала билети на навивачи од Германија, односно блокирале продажба на билети со германски ИП адреси или германски кредитни/дебитни картички.

„Каталонците“ се соменуваат дека тур-операторите продале доста карти, но навивачите на Ајнтрахт Франкфурт и преку други канали стигнале до билет. Кога ќе се заврши со обемната истрага, ќе се соопштат повеќе информации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ