вторник, 23 декември 2025

Барса во огромен минус, ќе може да купува играчи само со правилото 1:4

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Барселона имаше лимит за трошење од 97 милиони евра, но сега по зимскиот трансфер период, ситуацијата е многу полоша, Барса има -144 милиони евра и единствениот клуб од Ла Лига со минус.

Ла Лига откри дека ситуацијата е волку катастрофална бидејќи клубот од Камп Ноу има поголеми загуби за дури 242 милиони евра од она што се очекувало.

Како што стојат работите во моментов, „каталонците“ ќе можат да ангажираат играчи само со правилото од 1:4, односно да потрошат само 25% од заштедата која ќе ја направат со продажба/позајмица на играч.

За да можат да ангажираат звучно име, Барселона ќе треба да обезбеди дополнителни приходи.

Веќе подолго време се говори дека Жоан Лапорта преговара со ЦВЦ капитал и од оваа зделка треба да се добијат околу 300 милиони евра. Се преговара и за продажба на 49% од Барса Естудиос, и од оваа трансакција можат да се добијат и до 350 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ