четврток, 25 декември 2025

Барса прифати за прв пат во историјата да се смени името на Камп Ноу и договори богата соработка

Објавено на

часот

Сподели

Заврши потрагата на Барселона по нов спонзор, стриминг платформата Спотифај ќе го наследи Ракутен на дресот на „каталонците“.

Како што пренесува РАЦ1, Барселона и Спотифај договориле тригодишна соработка вредна 280 милиони евра.

Логото на Спотифај ќе стои на дресот на машкиот и женскиот тим на Барселона, како и на тренинг опремата.

Исто така, за прв пат во својата историја, Барселона го продава името на својот стадион, па следната сезона, Спотифај ќе стои покрај Камп Ноу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ