Барселона неодамна го испрати Филипе Кутињо на позајмица во Астон Вила, но потегот не беше доволен за да се отвори простор за регистрација на Ферен Торес.
Сепак, „каталонците“ на неочекуван и умешен начин успеаја да обезбедат пари, попладнево беше соопштено дека Самуел Умтити ставил потпис на нов договор.
Барселона со години се обидува да се ослободи од дефанзивецот, кој пак не сака да замине од Камп Ноу бидејќи на ниту едно друго место нема да заработува толку многу.
Двете страни сега пронајдоа компромис, и си подадоа рака за нова соработка до 2026 со намалена плата, со што се ослободија средства за реагистрација на Феран Торес.
Самуел Умтити всушност нема да се откаже од многу милиони, намалувањето на платата е само 10%, но останатите 90% од сумата што требаше да ја добие до крајот на актуелниот договор во 2023 година, сега ќе ја добие до крајот на 2026 година. Доколку тој успее да се наметне во тимот и повторно стане значаен дел, ќе заработува многу повеќе по 2023 година благодарејќи на високи бонуси.






