вторник, 23 декември 2025

Баерн му даде седум гола на Салцбург и во голем стил се пласира во четвртфиналето (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Првиот натпревар меѓу овие две екипи заврши нерешено, 1-1,  па Баварците вечерва требаше да покажат дека сепак се многу поквалитетен тим од Салцбург, тоа и се случи.
 
На стартот од мечот Роберт Левандовски имаше блесок, постигна хет-трик до 23. минута и испиша историја во Лигата на шампионите. Најран хет-трик во натпреварувањето.
 
А му требаа 11 минути за да го направи тоа, првиот гол го даде во 12. минута, третиот во 23. минута. Првите два погодоци беа од пенал, но прекршоците беа направени врз него.
 
До крајот на првиот дел погоди и Гнабри, со резултат од 4-0 за Баерн Минхен се замина на одморот.
 
По девет минути игра во второто полувреме Милер зголеми на 5-0, во 70. минута Салцбург преку Кјаергард постигнаа почесен гол и намалија на 5-1, но Баерн не застана тука.
 
Во 83. минута Милер постигна уште еден гол за 6-1, а две минути подоцна Сане ги постави конечните 7-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ