недела, 21 декември 2025

Баерн ја одреди цената на Левандовски и нема да прифаќа играчи во замена

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период имаше многу гласини за заминување на Роберт Левандовски од Минхен и преселба во Барселона. Од таборот на Баерн порачаа дека и следната сезона сметаат на напаѓачот и водат преговори за нов договор. 

Според пишувањата на Кикер, доколку Роберт Левандовски побара да го напушти клубот и Баерн Минхен е приморан да го продаде голгетерот, шампионот на Германија ќе бара 40 милиони евра. 

Исто така, тие нема да прифаќаат играчи во замена, и клубот кој сака да го ангажира Полјакот, ќе мора да ја искешира оваа сума.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ