Македонија на 2. јуни гостува кај Бугарија на стадионот на Лудогорец во Разград. Мечот се игра од 18 часот.
Доријан Бабунски сега игра во Дебрецин, но таму дојде од Ботев Враца за кој имаше одлични партии.
„Македонија е во добра форма, очекувам да победиме. Се надевам на добра атмосфера“, изјави Бабунски за бугарските медиуми.
По гостувањето во Бугарија кое е отворање на Лигата на нации, Македонија на 5. јуни гостува кај Гибралтар, а потоа има два домашни меча, со Грузија на 9. јуни и со Гибралтар на 12. јуни.






