недела, 21 декември 2025

Атлетико не му ја честиташе титулата на Реал, ниту пак ќе му приреди шпалир?!

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид изминатиов викенд стигна до титулата број 35 во Ла Лига, „кралевите“ добија честитки од речиси сите клубови, порака не испратија само Атлетико и Осасуна.

Атлетико во недела ќе го пречека Реал Мадрид, и како што пренесуваат медиумите од Шпанија, „колчонероси“ нема ниту да приредат шампионски шпалир.

Дефанзивецот Хименез рече: „Дали ќе направиме шампионски шпалир за Реал? Честитки за освоената титула, но ги почитуваме нашите навивачи“.

Голманот Олбак пак изјави: „Како капитен, јас сум од оние кои ниту сакаат да даваат, ниту пак да добиваат шампионски шпалир. Но конечната одлуката ќе ја донесе клубот и ние ќе го сториме тоа што ќе биде побарано од нас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ