сабота, 20 декември 2025

Астон Вила го потврди купувањето на Кутињо, Барселона ги соопшти бројките

Објавено на

часот

Сподели

Астон Вила успеа во намерата да го обезбеди потписот на Филипе Кутињо за наредните четири години, тој повеќе не е фудбалер на Барселона.
 
„Астон Вила со задоволство може да соопшти дека потпиша перманентен договор со Филипе Кутињо од Барселона. Бразилскиот плејмејкер потпиша договор до 2026“, стои во соопштението на клубот.
 
Астон Вила не ги соопшти бројките, но тоа го направи Барселона.
 
Каталонскиот клуб соопшти дека за трансферот на Кутињо ќе добие 20 милиони евра и половина од сумата за која Астон Вила би го продала Бразилецот во иднина.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ