Македонија во вторник гостува во Порто, „црвено-жолтите“ против Кристијано Роналдо и Португалија ќе бркаат историски пласман на Светско првенство.
Стефан Ашковски, кој одигра половина час во Палермо, верува дека Македонија со одлична тимска игра може да приреди уште едно изненадување и да го изненади фаворитот кој во својот тим има многу квалитетни индивидуалци.
„Емоцииите полека стивнуваат, следува дуелот со Португалија и ќе дадеме се за да ја израдуваме цела Македонија, нормално и самите себе. Убеден сум дека можеме многу“ – вели Ашковски.
„Не би сакал да говорам околку квалитетот на Португалија, сите знаеме дека се работи за одлична репрезентација, имаат сличен квалитет како Италија. Се надевам на уште подобар натпревар од оној во Палермо“.
„Противникот има добри индивидуалци, но во фудбалот денес поважен е тимот. Италија исто така имаше одлични индивидуалци, но видовме дека како тим не беа така сплотени“.
Фото: ФФМ






