Микел Артета попладнево прослави убав јубилеј, Шпанецот го имаше натпреварот број 300 како тренер на Арсенал.
И работите се одвиваа според планот, „топчиите“ со 2-0 го добија градското дерби против Вест Хем и привремено се искачија на првото место на табелата во Премиерлигата.
Резултатот беше отворен во 38. минута, една одбиена топка дојде до Рајс, кој биеше под пречката за водство од 1-0.
На средината од второто полувреме, Сака реализираше од белата точка за 2-0 и потврда на победата.
На вториот натпревар од 16 часот, Манчестер јунајтед со 2-0 го совлада Сандерленд за да се намали малку притисокот врз Рубен Аморим.
„Ѓаволите“ брзо ја завршија задачата, Маунт го отвори резултатот во 8. минута, а по половина час игра, Шешко ја затресе мрежата за 2-0.






