четврток, 25 декември 2025

Артета нема да жали многу по Влаховиќ, Арсенал летоска ќе потроши рекордна сума

Објавено на

часот

Сподели

„Топчиите“ изминатиов месец се обидоа да го ангажираат Душан Влаховиќ, доставија неколку понуди до Фиорентина, но Србинот не сакаше да слушне за преселба во Лондон и на крајот направи трансфер во Јувентус.

Но се чини дека Микел Артета нема да жали многу по Душан Влаховиќ, како што пишува Сан, сопственикот на Арсенал ветил дека повторно ќе го одврзе ќесето и ќе бидат направени големи инвестиции во летниот преоден рок.

Весникот пишува дека Арсенал ќе тргне по Александер Исак од Реал Сосиедад, Доминик Калверт Луин од Евертон и Рубен Невеш од Вулверхемптон.

Пресметките велат дека Арсенал ќе треба да одвои околу 180 милиони фунти за ангажман на овие играчи, сума која ќе биде рекордна за „топчиите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ