Душан Влаховиќ е на мета на неколку гиганти ширум Европа, се говори дека Арсенал е најзагреан за потписот на напаѓачот. Едно време се шпекулираше дека Србинот и неговите агенти не одговараат на повиците од Северен Лондон, но очигледно „топчиите“ немаат намера да се откажат.
Според пишувањата на Дејли Мејл, Арсенал подготвува пакет од околу 180 милиони евра за ангажман на голгетерот.
Во оваа сума е вклучено обесштетувањето за Фиорентина (трансфер сума од 70 милиони евра), договор со неделна бруто плата од 360.000 евра (околу 17 милиони евра годишно) како и провизија од 18 милиони евра за агентите.
Но и ова може да не биде доволно, се говори дека Душан Влаховиќ сака трансфер во тим кој игра во Лигата на шампионите, па останува да се види дали Арсенал ќе го исполни и овој услов.






