Арсенал е се поблиску до топ четири финиш откако попладнево со 2-1 го совлада Лидс. „Топчиите“ одлично го отворија натпреварот, Нкетија два пати погоди во првите десет минути и донесе предност од 2-0.
Проблемите на гостите се зголемија во 27. минута кога Ајлинг заработи црвен картон за опасен старт.
Во продолжението од мечот, Љоренте по еден корнер намали на 2-1, но тоа беше се што стори Лидс со играч помалку.
Евертон за прв пат по месец август победи на гостински терен, „карамелите“ попладнево со 1-2 го совладаа Лестер.
Миколенко погоди за 0-1 во 6. минута, Дака изедначи на 1-1 во 11. минута за Холгејт по половина час игра да реализира за 1-2 и три бода со кои избраниците на Лампард ја напуштија зоната за испаѓање.
На последниот денешен натпревар од 15 часот, Вест Хем со убедливи 0-4 славеше кај Норич.






