вторник, 23 декември 2025

Арсенал му станува пациент на Жота, Ливерпул дојде на само бод до Сити! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Трката за титулата во Премиерлигата е целосно отворена, Ливерпул со девет победи во низа ја намали предноста на Манчестер Сити на само бод.

Вечерва „црвените“ покажаа дека се во страшна форма на гостувањето кај Арсенал и триумфираа со 0-2.

Резултатот го отвори Жота во 54. минута, за Португалецот ова беше погодокот број 7 против Ливерпул на исто толку натпревари по преселбата во Ливерпул.

Трите бода ги осигура Фирмино, кој одлично се снајде по едно додавање на Робертсон во 62. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ