Арсенал беше во очајна форма, па Челси влезе како фаворит во лондонското дерби, но топчиите ги освоија трите бода.
Нектија во 13. минута донесе водство за Арсенал од 1-0, но само четири минути подоцна Тимо Вернер го изедначи резултатот на 1-1.
Во 27. минута Смит Роу го врати водството за Арсенал, овојпат од 2-1, но и оваа предност на гостите не траеше многу бидејќи капитенот Аспиликуета изедначи пет минути подоцна.
Во 57. минута Нкетија постигна втор гол на мечот за водство на Арсенал од 3-2. Оваа предност не ја пропуштија, напротив, ја зголемија со гол на Сака од пенал во 92. минута за конечна победа од 4-2.
Манчестер Сити се врати на врвот во Премиерлигата откако со 3-0 го победи Брајтон.
Гостите пружија отпор во првото полувреме, но се распаднаа во 53. минута кога Марез даде гол за водство а Манчестер Сити од 1-0.
Во 65. минута Фил Фоден зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Бернардо Силва во 82. минута.
Евертон со гол на Ришарлисон во 92. минута се спаси од пораз против Лестер, мечот заврши 1-1, а гостите водеа со погодок на Барнс уште во петтата минута.
Њукасл со гол на Алмирон во 32. минута го победи Кристал Палас со 1-0.






