Ансу Фати нема да оди под нож, младиот напаѓач не го послуша советот на Барселона и се решил за конзервативен третман.
Синоќа имало нов состанок помеѓу играчот и лекарскиот тим (на средбата биле присутни и неговиот татко и неговиот агент), Ансу Фати побарал време да размисли и денеска им ја пренел одлуката.
Младиот напаѓач се решил за конзервативен третман, се очекува да биде надвор од стројот помеѓу 6 и 8 недели.
Доколку Ансу Фати го послушаше советот на Барса и се решеше за операција, тој ќа паузираше повеќе од три месеци и големи беа шансите сезоната за него да е завршена, но ќе имаше помал ризик да ја обнови повредата во иднина.
Сепак, поради лошото искуство со претхоната операција (на менискусот) поради која беше во аут дури 10 месеци, Ансу Фати по долго разимислување го одбрал конзервативниот третман.






