Андреа Ањели заедно со Флорентино Перез се најголеми поборници за основање на Суперлига, натпреварување што нема да биде управувано од УЕФА.
Претседателот на Јувентус смета дека УЕФА не треба да има монопол врз фудбалот.
„Суперлигата не е пропадната. Тие беа потполно свесни за фактот дека јас како претседател на Јувентус работам на случајот“, вели Ањели.
„Според мене, на фудбалот му се потребни итни реформи. Компромис повеќе не е опција, ние мора да го реформираме фудбалот. Дали монополистичка организација е способна да води бизнис како фудбалот? Не мислам така“.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас рече дека Ањели, Перез и Лапорта лажат повеќе од Путин.
„Нема да одговорам на тоа прашање за Тебас, неговите зборови зборуваат за него“.
„Тоа е колективен напор на 12 тимови, не на еден човек. 12 клубови потпишаа согласност од 120 страници и тој договор се уште го поддржуваат 11 од нив“.
Ањели не кажа кој клуб и правно излегол од основачите.






