четврток, 25 декември 2025

Анчелоти: Зошто ме прашувате за Бејл, Азар и Јовиќ, а не за Себаљос и Карвахал?

Објавено на

часот

Сподели

Со гол на Беренгер во самиот финиш од мечот Атлетик Билбао го исфрли Реал Мадрид од Купот на Шпанија.
 
Карим Бензема е надвор од составот поради повреда, Анчелоти одлучи да ги игра Винисиус и Родриго и покрај тоа што тие пред два дека имаа настап за Бразил. Играчи како Бејл, Азар и Јовиќ го преседоа мечот на клупа.
 
На прес конференцијата по мечот Анчелоти беше запрашан зошто не ги играше Бејл, Азар и Јовиќ, а тој луто одговори:
 
„Зошто зборувате за Бејл, Јовиќ и Азар? Зошто не зборувате за Себаљос и Карвахал? Тие исто така не играа“, вели Анчелоти.
 
„Јас ги носам моите одлуки, но вие ако сте искрени ќе прашате и за Себаљос кој не одиграл ниту една минута и за другите кои беа на клупата а не играа. Сите тие се на исто ниво“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ