понеделник, 22 декември 2025

Анчелоти уште е позитивен на ковид-19, нема да патува во Лондон

Објавено на

часот

Сподели

Анчелоти поради ковид-19 го пропушти натпреварот на Реал Мадрид против Селта во Ла Лига, а голема е веројатноста истото да се случи и со дуелот од Лигата на шампионите против Челси.
 
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти се уште е позитивен и денеска нема да патува со тимот на Реал Мадрид во Лондон.
 
Останува да се види утрешниот тест каков ќе му биде, ако е негативен би можел со дополнителен лет утре да отпатува на натпреварот.
 
Реал Мадрид утре му гостува на Челси во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Анчелоти помина две години на Стемфорд Бриџ, од 2009 до 2011 година.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ