недела, 21 декември 2025

Анчелоти: Срцето и магичната атмосфера нема да бидат доволни за пласман во финале

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити со 4-3 ја доби првата пресметка против Реал Мадрид, па кралскиот тим со еден гол негатива ќе го почне утрешниот реванш полуфинален меч од Лигата на шампионите.
 
„Фудбалерите се добри, фокусирани се. Ова е важен натпревари и одлична можност да играме уште едно финале во Лигата на шампионите. Атмосферата ќе биде добра. Знаеме дека ќе биде тешко, но имаме верба во себе“, вели Карло Анчелоти.
 
„Утре ќе видиме голем натпревар меѓу два одлични тима со одлични фудбалери. Кога играте полуфинале во Лигата на шампионите, не е доволно само срцето и мотивацијата. Тие се важни компоненти, но тоа не е доволно“.
 
„Има и индивидуални аспекти, потребна е комбинација од сите работи за да се освои Лигата на шампионите. Доколку победиме утре, тоа нема да е бидејќи сме биле мотивирани од магичната атмосфера, туку поради нашата колективна посветеност и индивидуалните квалитети на нашите фудбалери“.
 
„Нашиот пристап во првиот натпревар беше вистински, но потребен ни е повеќе квалитет и да ги притиснеме. Треба да одиграме внимателен натпревар. Нема да ги држиме нашите дефанзивци назад, но ќе има моменти кога ќе треба да играме поблиску до нашиот шеснаесетник. На тоа мислам кога велам внимателен“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ