вторник, 23 декември 2025

Анчелоти потсети на најболниот пораз на Милан, за да каже дека Реал уште не е шампион во Шпанија

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид сега има дури десет бодови пред Севиља која е на второто место. Многумина сметаат дека трката за титулата е завршена работа.

Но, Анчелоти се има изгорено кога сите мислеле дека е готово, па сега потсети на тој пример.

„Ништо не се промени. Имаме предност и тоа е добро, но треба и по паузата за репрезентации да продолжиме да играме во добра форма“, вели Анчелоти.

„Ви го кажувам тоа бидејќи јас загубив финале во Лигата на шампионите во кое водев со 3-0 на полувреме. Се надевам дека тоа нема да се случи сега“.

Тоа беше легендарното финале во 2005 година, кога Милан водеше со 3-0 на полувреме, а во вториот дел Ливерпул успеа да изедначи на 1-1, потоа да победи на пенали и да го крене големиот трофеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ