недела, 21 декември 2025

Анчелоти: Покетино кажал дека Мбапе останува во ПСЖ? Тренерите понекогаш не ја кажуваат вистината

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашната прес-конференција на ПСЖ, Покетино беше запрашан за неговата иднина и иднината на Мбапе.
 
„Како што сега стојат работите, јас 100 проценти останувам, а истото е и со Мбапе“, изјави Покетино.
 
Силни се гласините дека ПСЖ ќе има друг тренер следната сезона, а Мбапе ќе биде нов играч на Реал Мадрид.
 
Карло Анчелоти не е убеден во точноста на изјавата на Покетино.
 
„Покетино рекол дека Мбапе 100 проценти останува? Понекогаш тренерите не ја кажуваат вистината…“, одговори Карло Анчелоти.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ