Со гол на Мбапе во 94. минута ПСЖ го победи Реал Мадрид со 1-0. Тимот на Анчелоти одигра дефанзивен меч, не создаде ниту една сериозна шанса за гол, но италијанскиот стратег верува дека ќе биде поинаку во реваншот.
„Не одигравме добро, тие беа супериорни, но ова е само прв дел. Ќе играме поинаков натпревар на нашиот стадион. Топката не ја движевме добро. Не се справивме со притисокот. Имавме потешкотии“, вели Анчелоти.
„Мбапе е најдобриот фудбалер во Европа денес. Тој беше одлучувачки“.
„Не одигравме како што бевме подготвени или како што сакавме, но има реванш. Ќе биде многу тежок меч. Но со навивачите на Бернабеу зад нас, ќе биде поинаков натпревар. Ќе играме 11 плус 50.000 фанови“.
Проблем за Реал Мадрид ќе биде тоа што Менди и Касемиро нема да може да играат во реваншот поради жолти картони.
„Имавме двајца фудбалери кои беа под закана и двајцата добија жолти. Овие два картони ми изгледаат како подарок, тоа му го кажав на судијата. Но ќе имаме замени за нив“.






