Реал Мадрид оваа сезоната се специјализираше за неверојатни пресврти. Така ги помина и ПСЖ, и Челси, а особено лудо беше синоќа на мечот против Манчестер Сити.
„Не можам да кажам дека сме навикнати да живееме ваков живот, но тоа што се случи вечерва, се случи и против Челси и против ПСЖ“, вели Анчелоти.
„Доколку треба да кажеме зошто, тоа е поради историјата на овој клуб која ни помага да продолжиме и кога се чини дека сме изгубиле“.
„Натпреварот беше речиси завршен, но успеавме да ја извадиме последната енергија која ја имавме. А во продолженијата имавме и психолошка предност“.
„Среќен сум што ќе играме во финалето во Париз против друг силен тим. Тоа ќе биде фантастичен натпревар за фудбалот“.






