четврток, 25 декември 2025

Анчелоти е еден од најдобрите тренери во светот, а УЕФА му прави проблем за лиценца

Објавено на

часот

Сподели

Тренерската лиценца на Карло Анчелоти траела до крајот на минатата година. Според правилата на УЕФА, за да му биде продолжена тој треба да помине курс од 15 часа.
 
Карло Анчелоти тоа го направил во октомври преку курсеви на Шпанската фудбалска репрезентација и резултатите биле задоволителни. Но проблемот е што тој курс требало да го направи во Италија, да добие печат од Италијанската фудбалска федерација која му ја издала првата тренерска лиценца.
 
Тренерската лиценца трае три години, во тој период тренерот треба да помине курс од 15 часа со цел да ја продолжи за нови три години.
 
Италијанските новинари ја критикуваат УЕФА што му прави процедурален проблем на Карло Анчелоти ако се знае дека тој е еден од најдобрите тренери во светот. Бил тренер на повеќе од 1200 официјални натпревари водејќи клубови од Италија, Англија, Шпанија, Германија и Франција.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ