понеделник, 22 декември 2025

Алвеш: Чави да ми го направеше ова кога имав 25 години, сигурно ќе се степавме

Објавено на

часот

Сподели

Дани Алвеш во јануари се врати во Барселона и потпиша до крајот на сезоната. „Каталонците“ потоа донесоа уште неколку засилувањата, па за Бразилецот немаше место во составот кој беше пријавен за настап во Лига Европа.

„Секогаш сум велел дека кога работите се одвиваат природно и го знаете човекот покрај вас, се е полесно. Тоа беше тешка одлука, како и за Чави, така и за мене. Тој ме познава, знае како можам да допринесам и каков играч сум. Ми беше полесно да се помирам сега, веројатно ќе беше поинаку во друга етапа од мојата кариера. Дојдов тука да помогнам, доколку ова е начинот, тогаш тоа ќе го правиме. Сите сме во истиот брод, се обидуваме да ја вратиме Барса на шампионски патеки. Знае дека ме „зае*а“, дека не ја прифатив одлуката лесно, но ја почитувам“ – вели Бразилецот во разговор со Спорт.

Во интервју за Мундо Депортиво на истото прашање, тој рече: „Ќе го повторам тоа што го кажав, разбирам дека поминуваме низ фази и во која фаза сум сега. Доколку ми го стореше тоа кога имав 25 години, сигурно ќе се степавме… Но сега сме тука да и помогнеме на Барселона и знам дека го болеше тоа што донесе таква одлука, што ме изостави од составот, но мораше да биде донесена одлука. Кога видов какви засилувања беа донесени, знаев дека за мене ќе нема место“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ